Бразилски комичари нападнати со молотови коктели – го исмејувале Исус – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 9:27 AM

Бразилски комичари нападнати со молотови коктели – го исмејувале Исус

Врз седиштето на бразилската комична група „Порта дос Фондос“ во Рио де Женеиро на Бадник биле фрлени молотови коктели.

Комичарите се нападнати неколку недели откако групата објави филм на Нетфликс на кој го прикажува Исус како геј.

Специјална божикна епизода  од оваа група „Првото искушение Христово“ е 46-минутна комедија на која е прикажан Исус кој го довел дома својот наводен дечко Орландо за да го запознае со Светата фамилија.

Тоа толку ја разгневи јавноста во Бразил,  што околу два милиона луѓе се потпишале на  петицијата со барање да се отстрани комедијата затоа што ги навредува христијаните.