Време: Следуваат постудени денови и претежено без врнежи – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 7:03 AM

Време: Следуваат постудени денови и претежено без врнежи

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег. Денеска максималната температура од 11 стеени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран. Во Скопје, Битола и во Штип до 8, Охрид до 7…

Слично време УХМР прогнозора и за деновите  што следуваат. Утре максималната температура треба да достигне до 10, в сабота до 8, а в недела до 7 степени. Ќе има значително опаѓање и кај утринските температури, кои речиси секаде ќе бидат под нулата.