Компаниите Rosneft и Equinor ги договориле деталите за развој на нафтено поле во Сибир, прво заедничко вложување од договореното стратешко партнерство во 2012 година.
Се очекува во првата фаза од развојот на нафтеното поле Severo-Komsomolskoye да се извадат околу 250 милиони барели нафта и 23 милијарди кубни метри гас, објави Equinor, без да ја наведе вредноста на инвестицијата.
Rosneft има удел од 66,7 проценти во проектот Surgutneftegas, а Equinor остатокот плус лиценца.
Rosneft и Equinor, поранешен Statoil, договорија развој на нафтеното поле Severo-Komsomolskoye во 2013 година. Следната година, западните земји воведоа санкции на Rosneft поради ситуацијата во Украина.
Санкциите им забрануваат на западните компании да соработуваат со Rosneft во потрага за нафта во крајбрежната зона на Арктикот, како и вадење на нафта, потсетува Reuters.
Rosneft во 2015 година објави дека полето Severo-Komsomolskoy има „сложена геологија поврзана со тенок слој нафта“, оценувајќи ги ресурсите како „тешки за вадење“.
Вискозната нафта е тешка и минува низ опремата за производство потешко од лесната нафта. Исто така, во повеќето случаи е поврзана со повисоки емисии на штетни гасови бидејќи нејзиното производство бара повеќе енергија, објаснува Reuters.
Извор: denar.mk