Информирајте се: Директна поддршка за невработените жени Ромки да се приклучат на пазарот на трудот – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/19 12:58 PM

Информирајте се: Директна поддршка за невработените жени Ромки да се приклучат на пазарот на трудот

Учеството на жените ромки на пазарот на трудот во Северна Македонија од година во година се зголемува, но се уште го нема достигнато нивото на соодветна застапеност во сите сфери на општественото делување.

„Националниот ромски центар – Зајакнување на ромската жена во РСМ“ овозможува директна поддршка на невработените жени Ромки да се приклучат на пазарот на трудот.

Поконкретни информации може да се најдат во подрачните центри за вработување при Агенцијата за вработување на РСМ –во Куманово, Кичево, Велес, Прилеп, Кочани и Штип. Во локалните канцеларии може да закажете средби:

*Национален ромски центар, ул.Доне божинов“ 11/5 – Куманово (031/427 558)
*ОРМ Бела Кула, ул. Маршал Тито, бб – Кичево (071/223 273)
*Романо Вило, ул. Цветан Димов, бб – Кочани (075/553 444)
*РОТА, ул. Радански Пат, бр.36 – Штип (078/412 895)
*Ромска Сила, ул. Димитар Влахов, бб – Велес (075/707 500)
*Рома Перспектив, ул. Тризла, бр.106 – Прилеп (078/263 751)

Имате можности да ве вклучат во мерките и програми за вработување ако сте: невработена жена од ранливи категории, примател на гарантирана минимална помош или сте младо невработено лице до 29 години.

Каде и како да се евидентирам како невработено лице ?!

*Секоја полнолетна жена или маж треба да се евидентира во подрачниот Центар за вработување во местото каде има живеалиште согласно важечка лична карта;

*Сите евидентирани невработени лица (жени, мажи, девојки, момчиња) имаат пристап до програмите, односно мерките и услугите за вработување на државата кои ќе ви ги објаснат во подрачниот Центар за вработување;

*За секоја поодделна програма односно мерка и услуга за вработување, а како општо правило ќе се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и учество на младите лица до 29 години, од најмалку 30 %;

*Невработените лица во текот на учеството во активните програми, мерки и услуги за вработување, ќе продолжат да го користат стекнатото право на гарантирана минимална помош под услови утврдени во постојната законска регулатива;

*Ако сте невработени треба редовно секој месец да се пријавувате во Центарот за вработување како услов за да примате гарантирана минимална помош.

Можноста за вработување на жени Ромки ја овозможува „Националниот ромски центар – Зајакнување на ромската жена во РСМ“ со седиште на улица „Доне Божинов“ бр.11/5 во Куманово, може и да ги  контактирате на телефонскиот број 031/ 427 558 или пак да им пишете на нивната имеил адреса [email protected].

Овој проект е финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) и We Effect.

Услугите кои ги обезбедува Агенцијата за вработување  се во текот на целата година.

Информирајте се и побарајте помош при вработување!