Компанија со дозвола за геолошки истражувања со години црпела песок од Пчиња – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/19 10:55 AM

Компанија со дозвола за геолошки истражувања со години црпела песок од Пчиња

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од Куманово и против правното лице ДПТТУ „БОРОС“ ДООЕЛ од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. Првопријавениот, сопственик и одговорно лице во второпријавеното правно лице и второпријавеното правно лице од 2010 до 30.04.2013, искористувајќи го Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини-кварц на локалитет „Пчиња“ – с.Коинце, општина Старо Нагоричане, склучен со Владата на РС Македонија, кој се однесувал само на геолошки истражувања, вршеле незаконита експлоатација и продажба на минерални суровини-кварц на локалитетите „Пчиња“- с.Коинце и „Ветуница“- општина Ранковце, без добиени концесии и дозвола за истото. Притоа, во 21 наврати на правно лице од Тетово извршиле продажба на 43941,24 тони минерална суровина кварц и собирен кварц во вкупен износ од 56.561.536 денари остварена противправна имотна корист за што и доставиле 21 фактура. За извршената продажба и експлоатација требало за секој изминат квартал на Министерството за економија да платат 3% од секој ископан и продаден тон на кварц и собирен кварц, со што избегнале плаќање вкупно 395.471 денари и избегнале плаќање на давачки и за концесии во износ од 820.000 денари. Со наведеното избегнале давачки во вкупен износ од 2,220.471 денари за кој износ го оштетиле Буџетот на РСМ, а воедно се стекнале со противправна имотна корист од 58.386.538 денари.