Пакети со облека за бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/19 8:09 AM

Пакети со облека за бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток

Седумдесет новогодишни пакети со облека денеска ќе им бидат поделени на бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток.

Како што информираат од Црвениот крст, работењето на пунктот за бездомници е поддржано од Град Скопје и веќе 11 години нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом, а има цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Секоја среда и петок бездомните лица добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење документи и поддршка за обезбедување услуги од системот на социјална заштита).

Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвора и привременото преноќувалиште, посочуваат од Црвениот крст.

МИА