Време: Денеска облачно со сончеви периоди, следуваат постудени денови – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/19 6:59 AM

Време: Денеска облачно со сончеви периоди, следуваат постудени денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови на планините ќе има услови за слаб снег. Максималната температура од 13 степени се очекува да биде измерена во Гевгелија.Во Скопје до 11, Штип до 10, Битола и Охрид до 8…

Слично време се очекува и во следните денови, а температурата ќе биде во опаѓање. Така, утре максималната температура треба да достигне до 11, в петок до 10, в сабота, кога снег се очекува и на некои пониски места, до 8, а в недела до 7 степени.