Американски амбасадор отповикан од Замбија откако осуди затварање на хомосексуален пар – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 4:50 PM

Американски амбасадор отповикан од Замбија откако осуди затварање на хомосексуален пар

САД го отповика нивниот амбасадор во Замбија, откако тој искритикува затварање на хомосексуален пар, јавија извори од амбасадата.

Минатиот месец, Даниел Форте, рече дека е „ужаснат“ од тоа што судијата им додели 15 години затвор на двајца мажи, откако беа фатени имајќи „сексуални односи против законот на природата“ во 2017.

Замбиската влада го обвини дека се обидува да диктира политика и претседателот Едгар Лунгу го прогласи за персона нон грата.

Замбија е конзервативно општество каде хомосексуалноста е илегална.

„Не можете да барате од владата да донесува одлуки вперувајќи им го тоа `ние ви даваме помош, сакаме да го правите ова’, едноставно не можете“, рече замбискиот министер за надворешни работи, Јосеф Малањи.

Предходниот месец, Врховниот Суд во главниот град, ги осуди Јапет Катаба и Стивен Самба на 15 години затвор. Парот имал резервирано соба, при што работник во хотелот низ отворениот прозорец ги видел како имаат сексуален однос.

Форте изјавил дека ги изразувал своите ставови за законите и суровите казни со кои не се согласува. Тој исто така предупредил за односите меѓу двете нации кои се во распаѓање, но и за замбиската влада која како што вели тој, ги сакала дипломатите со „отворени џебови и затворени усти“.

Форте кажал и дека милиони долари,донации од САД, биле злоупотребени, но никогаш немало посериозни гонења за корупција. Замбија е една од земјите кои примаат најголеми донации од САД, во висина од околу 500 милиони долари годишно.