Болката во вратот е најчестиот тип на болка која човекот ја доживува во животот.
Точно е дека некои причини за болка во вратот не се под ваша контрола. Од друга страна, постојат многу начини на кои можете да го намалите ризикот.
За почеток е важно да го погледнете начинот на кој спиете.
Постојат две позиции на спиење кои ја намалуваат болката во вратот и грбот.
Ако спиете на грб, изберете заоблена перница која ќе ја следи вашата линија на вратот, а тоа може да се постигне и со вметнување мала перница во форма на ролна или со помош на специјална перница која има вградена потпора за вратот.
Обидете се да користите перница од пердуви која ќе ја следи линијата на вашиот врат или перница со мемориска пена која е во склад со контурите на главата и вратот. Избегнувајте употреба на превисока или тврда перница, која оневозможува да го свиткате вратот преку ноќ, што може да резултира со утринска болка или вкочанетост.
Ако спиете на страна, држете го ‘рбетот исправен и користете перница која вашиот ‘рбет и глава ќе ги држи во иста рамнина.
Кога се возите во авион, воз и автомобил или само гледате телевизија, перницата во облик на потковица може да го задржи вратот и да спречи да ви паѓа главата на страна, што исто така може да предизвика болка и вкочанетост. Меѓутоа, перницата не треба да биде преголема за да не го турка вратот напред, поради што повторно може да чувствувате болка.
Ако спиете на стомак, тоа лошо влијае на вашиот ‘рбет, бидејќи грбот е искривен, а вратот е свртен на страна.
Обидете се да ја започнете ноќта со спиење на грб или на страна, во добро наместена и здрава положба.
Извор: denar.mk