За сите вас кои не можете да го оставите вашиот телефон до последен момент пред да заспиете – имаме добри вести. Сината светлина можеби не е толку нарушувачка за спиење како што некогаш се мислеше.
Студијата на Универзитетот во Манчестер откри дека потоплите бои кои се препорачуваат за употреба во текот на ноќта, всушност можат да ги натераат нашите тела да мислат дека сè уште е ден.
Истражувањата сугерираат дека употребата на пригушена, поладно светло во вечерните часови може да биде покорисно, пренесува AndroidCentral.
Објаснувањето е дека затемнувањето е повеќе попригушено и „поплаво“ од дневната светлина, а дека нашите телесни часовници користат светлина за да утврдат кое е време од денот, произведувајќи мелатонин и подготвувајќи го нашето тело за сон.
Претходно, се сметаше дека меланопсинот, протеин чувствителен на светлина, особено е чувствителен на сино светло. Поради тоа се воведени функции на уредите со екрани кои даваат жолти топли нијанси.
„Ние сметаме дека ова не е најдобриот пристап, бидејќи промените во бојата можат да ги поништат било каквите предности од намалување на сигналот на светлина која го открива меланопсинот“, вели д-р Тим Браун од Универзитетот во Манчестер.
Иако тестовите се спроведени само на глувци, Браун вели дека постои добра причина да веруваме дека ефектот врз луѓето ќе биде ист.
„Нашите сознанија сугерираат дека употребата на пригушени, поладни светла навечер и посилни потопли светла во текот на денот може да бидат покорисни“, наведува тој.
Извор: denar.mk