Ивановска: ЈО се уште работи под притисок и нарачки – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 1:52 PM

Ивановска: ЈО се уште работи под притисок и нарачки

Претседателката на државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, со остра критика кон обвинителството за кое вели дека се уште работи под притисок и по нарачки.

“За некои предмети се уште нема одговори а за некои предмети пак добивме многу брзи одговори.Тоа ме упатува дека има различни нарачки.Мислам дека треба уште многу да се работи, секој на себе прво па потоа да се зајакнуваат механизмите за контролно однесување. Ние најавивме од наша страна дека за наредната година прво правосудниот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба, ќе си дадеме свој придонес од наш аспект, согласно нашиот закон“, ”  вели Ивановска.