Кривична за ограбувачот на казино во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 12:55 PM

Кривична за ограбувачот на казино во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.С.(32) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво”. Пријавениот на 22.12.2019 во казино на ул.”Маршал Тито” во Кочани физички ја нападнал вработената и одзел кутија со пари. Веднаш биле преземени мерки и Б.С. бил лишен од слобода на Граничниот премин “Делчево”. Додека, при претрес цо неговото возило била пронајдена кутијата со 76.400 денари. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.