Обвинетите во предметот „ТНТ“, извојуваа победа и судењето за незаконското уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски почнува на 17 јануари отпочеток, место денеска да имаше пресуда. Ваквата ситуација настана по блокадите што на самиот крај на овој двегодишен судски процес, успешно ги изведоа обвинетите и нивните адвокати, се’ по закон.
Дознавајќи дека деновиве две од поротничките во овој судечки совет во Кривичниот суд полнат 60 години и со тоа им престанува мандатот, тие успеаја да го оспорат финишот. Адвокатот Јовица Страшевски уште на почетокот, денеска го извести судот дека обвинетиот Тони Трајковски, кој според обвинението по наредба на Никола Груевски и Миле Јанакиески набавил експлозив и ја поттикнал Елисавета Најдовска незаконски да го сруши комплексот Космос, се вратил во болница.
Обвинителот Бурим Рустеми кажа дека Судскиот совет треба да одлучи дали ќе го прекине, или ќе го продолжи мандатот на поротничките.
сдк.мк


