МВР со детали за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија, Стојановска била логистичка поддршка – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 11:24 AM

МВР со детали за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија, Стојановска била логистичка поддршка

Министерството за внатрешни работи објави детали за акцијата, која македонската јавност ја нарече, „Кокаин“, а во која беше уапсена македонската актерка Силвија Стојановска. Според МВР, станува збор за меѓународна акција за сузбивање на организиран шверц на 700 килограми кокаин ,од Колумбија во Европа,под називот „Колибри“.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани.

Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА, велат од МВР.

Уапсени се вкупно пет лица, а по две се трага.

Покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг  Воислав Будисављевиќ. Во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани.

Сите се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Акција е спроведена со помош на шпанската полиција и американскиот оддел за сузбивање на шверц со дрога.

Се проценува дека вредноста на кокаинот во промет би достигнала околу 20 милиони евра.

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/1493312194168451/?t=4