Трајкоски не дојде на судење, адвокатот го правдаше дека тешко зборел, обвинителот бара да се раздвои постапката – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 10:54 AM

Трајкоски не дојде на судење, адвокатот го правдаше дека тешко зборел, обвинителот бара да се раздвои постапката

Поранешниот градоначалник Тони Трајковски, утрово не се појави на судењето во случајот ТНТ во кој е обинет за незаконското уривање на комплексот Космос затоа што бил во болница откако вчера двајца го нападнале и го натепале.

Неговиот адвокат Јовица Страшевски рече дека синоќа Трајковски бил примен во Ургентниот центар, а потоа на Клиниката за неврохирургија.

– Неговата состојба е многу лоша, тешко зборува, повраќа, не е ориентиран, не е комуникативен, рече Страшевски.

. Обвинителот Бурим Рустеми бара сега раздвојување на постапката за Трајковски и уште тројца обвинети.

Адвокатот Мерџан Даути побара одлагање на судењето поради возраста на поротничката Лилјана Ивановска-Кочовска, која треба да замине во пензија. Тој смета дека ќе има суштествена повреда во судењето доколку судењето продолжи.