Време: Денеска до 11 степени, во следните денови температурата ќе опаѓа – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 7:21 AM

Време: Денеска до 11 степени, во следните денови температурата ќе опаѓа

Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со локален дожд, а на повисоките места со снег. Максималната температура од 11 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Штип до 9, во Скопје, Охрид и во Битола до 8…

Утре се очекува претежно облачно време со сончеви периоди со максимална температура до 12 степени, а во следните денови се очекува опаѓање на темпераурите. Така, в четврок се очекуваат максимални 10 степени, в петок – 9, в сабота – 8, а в недела до 7 степени.