Во плакар во стан на осомничен педофил пронајден тинејџер исчезнат над две години – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/19 2:39 PM

Во плакар во стан на осомничен педофил пронајден тинејџер исчезнат над две години

Германски тинејџер, кој се води за исчезнат повеќе од две години е пронајден во плакар во станот на осомничен педофил во место близу Келн.

15-годишникот, чие име се држи во тајност,  беше пронајден кога полицијата изврши рација во стан во Реклингхаузен, околу 60 милји северно од Келн, откако беше отворен случај со сомневање за детска порнографија.

Уапсен е 44-годишен маж, именуван како Ларс Х, заедно со друг маж пронајден во станот.

Во изјавата, полицијата соопшти дека истражителите од Комесарот за сексуални престапи извршиле претрес во станот по барање на Јавното обвинителство од Бохум под сомнение за дистрибуција на детска порнографија.

„Кога беше претресен станот, полицајците го открија малолетникот во плакарот“, се вели во соопштението.

„Прегледот покажа дека ова е 15-годишното момче, кое долго време се води за исчезнато. Во моментов не можеме да потврдиме дека момчето било задржано во станот против негова волја“, стои во соопштението.

Неговиот случај беше објавен во јавноста на почетокот на оваа година во специјализирана програма за крииминални случаи,  Aktenzeichen XY Unresolution, што се емитува на државната телевизија ЗДФ.

По неговото откритие во станот во Реклингхаузен, неговата мајка им кажа на новинарите:

„Тој се држеше цврсто за мене и почна да се тресе. Ми рече: Мамичке, однесе ме дома. Бев затворен две и пол години и не можев да дојдам до свеж воздух“. И двајцата плачевме. Ми ја зеде раката и не ми ја пушташе,“ им раскажа мајката на новинарите.

Во подоцнежната изјава објавена во саботата, полицијата соопшти дека 44-годишник бил изведен пред судија кој издал налог за апсење за делото „сериозен сексуален престап“.