Рускиот јутјубер Игор Мороз, од само нему познати причини, одлучи да го уништи својот „мерцдес-бенз АМГ Г-63“ и тоа на многу невообичаен, но прилично ефикасен начин.
Судбината на култниот теренец решил да ја запечати така што ќе го фрли од височина од 300 метри, за што изнајмил хеликоптер.
Мороз во Русија бил познат како „пранкстер“, кој своите клипови ги објавува на „Јутјуб“, па и ова ќе го искористи за атрактивен прилог за својот канал.
Сега веќе уништениот „мерцедес“ го купил на почетокот на 2018 година, за 16,8 милиони рубљи, односно околу 244.000 евра. Но, Игор тврди дека од скапоцениот теренец не бил многу задоволен, па често го носел на сервис, често таму останувал и по еден месец, а продавачот не сакал да му ја признае гаранцијата.