Два туристички крузера се судрија во пристаниште на мексиканскиот остров Козумел во Карипското Море, а инцидентот, за среќа, поминал без посериозни последици.
„Карнивалска легенда“ ударила во „Карнивалска слава“. Шестмина патници се полесно повредени, а ниеден од бродовите немал посериозни оштетувања.
На двата океански џина во моментот на несреќата имало повеќе од 5.000 патници и 2.000 членови на екипажите, а сударот се случил кога повеќето од патниците појадувале.


