Автопатишта на екс-просторот на СФРЈ: Хрватска и Словенија водечки, Македонија пред БиХ, а Црна Гора се’ уште без автопат – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/19 11:32 AM

Автопатишта на екс-просторот на СФРЈ: Хрватска и Словенија водечки, Македонија пред БиХ, а Црна Гора се’ уште без автопат

Автопатот претставува највисока сообраќајна класа на патишта, а нивната застапеност и вмреженост е значаен показател за развојот на една држава.

Кога ќе ја погледнеме состојбата на Балканот, ќе видиме дека разликте меѓу државите се големи, пишува „Ал џезира Балканс“. Хрватска со повеќе од 1.300 километри автопатишта, предничи според бројот на изградени километри, додека Црна Гора се’ уште нема автопат. Србија има 962 километра автопатишта, Словенија – 692, Македонија – 242, БиХ – 208, а Косово – 170 километри автопатишта.

Уште подобар показател е колку земјите од поранешна СФРЈ имаат изградено автопатишта по еден квадратен километар површиа. Овде предничи Словенија, која на секој квадратен километар има по 34 метри автопат, со што и над просекот на многу земји членки на ЕУ. Втора е Хрватска со 23 метри, потоа Косово со 15,6, па Србија со 12,4, Македонија со 9,4 и БиХ со четири метри, пишува „Ал џезира Балканс“.