Филипини: Кокосово вино усмрти најмалку 11 луѓе, повеќе од 300 во болница – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/19 10:01 AM

Филипини: Кокосово вино усмрти најмалку 11 луѓе, повеќе од 300 во болница

Најмалку 11 лица починаа на Филипините, а повеќе од 300 се згрижени во болница, откако пиеле кокосово вино. Тоа во последните денови главно се пиело на божикните забави.

Труењето се случило во покраините Лагуна и Ќезон, јужно од главниот град Манила. Некои од заболените самите го купиле виното, а други го добиле како подарок од локалните власти за празниците, соопшти Министерството за здравство.

Нерегулираното производство и продажба на, инаку, популарниот пијалак „ламбаног“, се вообичаени на Филипините. Тоа често се прави и нелегално, со ставање штетни и опасни додатоци.