Според последните резулати, на претседателските избори во Хрватска води поранешниот премиер, кандидат на левиот центар со поддршка Социјалдемократска партија, Зоран Милановиќ со 29,64 проценти освоени гласови, актуелната претседателка од десниот центар, Колинда Грабар – Китаровиќ, освоила 26,92 проценти, а зад неа е независниот кандидат, пејачот Мирослав Шкоро, со 24,29 отсто.
Ова се првични резултати од обработени над 90 проценти од гласовите од вчерашните претседателски избори во Хрватска, на кои Хрватите имаа можност да избораат меѓу 11 кандидати. Првичните резултати укажуваат дека во вториот круд за претседателското место ќе се борат Милановиќ и Грабар – Китаровиќ.
Објавени се и резулатите како гласале Хрватите во странство. Овде убделива предност имала аклуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која добила околу 54 отсто од гласовите. Колинда „победила“ и во Македонија, каде што од хрватските гласачи освоила 51,14 отсто, Шкоро добил 16,79, а Милановиќ 16,03 отсто од гласовите.