Време: Денеска дождливо, од утре без дожд, но постудено – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/19 6:37 AM

Време: Денеска дождливо, од утре без дожд, но постудено

Променливо облачно со врнежи од дожд. Од пладневните часови во северните делови ќе започне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири во поширокиот регион на Повардарието. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 15 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран. Во Штип – 11, Скопје – 10, Битола и Охрид – 9…

Од утре се очекува дожд да нема, но зимата што настапи вчера ќе донесе нешто пониски температури. Утре се очекува да бидат измерени максимални 12, в среда – 11, а в четврток 10 степени.