Дете загина при судир на две возила на патот кон Романовце – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/19 7:34 PM

Дете загина при судир на две возила на патот кон Романовце

Дете загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово- Романовце, во близина на бензинската пумпа „Ликоил“, денеска околу 14 часот, при судир на две возила.

Очевидци тврдат дека детето било на околу 10 годишна возраст, а во Кумановската болница го пренеле граѓани кои наишле на местото на несреќата.

Други извори, пак, кажуваат дека детото имало 4 години и заедно со своите родители било во едно од возилата.  Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.

Како дошло до несреќата не е познато.

Од  Кумановската полиција потврдија дека се случила сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, но велат дека сеуште не е извршен увид и немаат детали. На лице место е и Јавен обвинител од Куманово.

Судирот се случил додека двете возилата биле во движење и од ударот излетале од патот.

(Kumanovonews)