Мицкоски тврди дека документите за „Рекет“ не ги објавуваат од „тактички причини“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/19 6:18 PM

Мицкоски тврди дека документите за „Рекет“ не ги објавуваат од „тактички причини“

Доколку ВМРО ДПМНЕ оцени дека  случајот „Рекет“ дивергира од реалноста и не оди во полза на јавноста, лидерот Христијан Мицкоски најавува дека ќе ги објават документите, кој во септември ги покажа на прес конфереција за кои тврдеше дека се добиени од свиркач. Тоа што досега не ги објавиле, вели не е затоа што се задоволни од текот на процесот, туку од „тактички причини“.

„Чекаме како ќе се развива процесот. Досега не сме задоволни, напротив. Мислиме дека има класична злоупотреба и прикривање на вистинскиот инспиратор и сценарист во целиот овој случај, но наскоро, ако гледаме дека овој процес дивергира од реалноста, јавноста ќе биде сведок на тоа што всушност се случувало. Чекаме од тактички причини. Не чекаме од причини што имаме доверба. Довербата во ‘Кацарска судството’ и ‘Русковска обвинителството’ одамна ја загубивме. Ние чекаме да видиме од тактички причини, да видиме до кога ќе се дават во жива кал заедно со нивниот налогодавач затоа што тој е свесен дека тоне во жива кал, но не знам дали тие се свесни дека ги влече со него“, вели Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа.

Одговарајќи на прашање кое произлезе од последните аудио снимки што беа објавени на Јутјуб, а на кои наводно е гласот на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“, Мицкоски вели дека никогаш досега не било побарано од него да се сретне со Заев во врска со овој случај.

„Ниту имам намера, ниту ми паѓа на памет да разговарам со Заев на тема на која реферирате. Со Зоран Заев  ум разговрал на лидерската средба кај претседателот на теми од интерес на државата, но на оваа тема не сум разговарал и ниту ми пажа на памет да разговарам“, вели Мицкоски во интервјуто.

Јавното обвинителство на 9 декември отвори предмет за снимките кои во два наврати, на 7 и на 11 декември се појавија на Јутјуб каналот „U6e Big“ .

 

(360 степени)