На 21.12.2019 во 16.00 часот било пријавено дека во с.Горно Црнилиште, Свети Николе, Д.Д.(35) во резервоар за вода за бања во руиниран објект ја пронашол почината својата мајка Б.Д.(56). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, при што било констатирано дека нема траги на насилство.
Објавено на: 12/22/19 5:40 PM