Новинар на веб порталот ПОРТ АЛБ бил нападнат од професор од тетовската гимназија – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/19 2:09 PM

Новинар на веб порталот ПОРТ АЛБ бил нападнат од професор од тетовската гимназија

Новинар на веб порталот ПОРТ АЛБ бил нападнат од професор од тетовската гимназија, кој го спречил да снима како професорите им се заканувале на учениците да не излегуваат на протест против аерозагадувањето.

 Ардит Рамадани од порталот ПОРТ АЛБ вели дека со неговиот телефон само сакал да ги регистрира заканите кои учениците ги добивале од просветните работници.

 „Она што се случи вчера е само една рефлексија на реалноста во земјава, а разочарувањето е многу поголемо бидејќи се прави притисок врз деца. Сметам дека овој проблем е систематски, бидејќи не се дозволува критичко размислување. Вчера имаше низа прекршоци од Конвенцијата за правата на децата. Го следев бојкотот во гимназијата и сведочев како децата се снимаат од страна на професорите за потоа да бидат казнети. Професор им велеше на учениците дека се манипулирани и ги навредуваше, а кога се обидов да го снимам и да го прашам зошто тоа го прави, тој ми го одзеде и фрли телефонот”, рече Рамадани

Од Младинскиот образован форум, велат дека од учениците добивале преставки дека просветните работнци не им дозволувале да излегуваат на протестот, во спротивно им се заканувале со неоправдани изостаноци и намалено поведение.

Лани тетовските учениците добија намалено поведение и неоправдани изостаноци поради учеството на протестот проти в аерозагадувањето.