(видео) Му влета дете на Мбапе на терен – славниот фудбалер го расплака – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/19 2:01 PM

(видео) Му влета дете на Мбапе на терен – славниот фудбалер го расплака

Килијан Мбапе, фудбалер на Париз Сен Жермен, имаше силна емотивна реакција на влегувањето на детето на теренот додека играта со Амиен сè уште траеше.

Момчето влета на теренот во 90-та минута и се стрча кон талентираниот француски фудбалер.

Обезбедувањето  набрзина го натера детето да излезе од теренот, но Мбапе не им дозволи да применат сила. Тој го прегрна момчето, го изведе надвор од игралиштето и му даде автограм.

При излегувањето од терен, детето, одејќи со својот идол, заплака од среќа, додека Мбапе покажа светско однесување.