Избирачките места за претседателските избори во Хрватска се отворија утрово во БиХ. Меѓутоа, не и во избирачкото место број 12, во Мостар, чиј претсдател се успал. Во Основното училиште „Петра Бакула“, гласањето доцнеше поради тоа што го немаше претседателот на избирачкото место и тоа место беше отворено само околу 7:20 часот, наместо 7:00 часот.
„Пристигнаа луѓе од Ливно и Томиславград, а тој доцни од Мостар“, изјави еден граѓанин за порталот Кликс , додека спореднервозната дама која чекаше рече дека ситуацијата е најдобрата илустрација за „како работиме така и имаме“.
„Жив срам е ова тука … Заспан човек. Треба да му даде сто евра за спиење. Луѓето си отидоа, тие не ти веруваат. Тука има лажговци“, беа некои од коментарите, велат граѓаните за Кликс.
Проблемот на гласачкото место број 12 одговорните се обидоа да го прикријат со спречување на снимање од новинарите и снимателите во избирачкото место.
Снимателот на Нова ТВ и известувачот на Кликс беа исфрлени од избирачкото место #број12.
Во Хрватска и дијаспората се одржуваат Претседателски избори. Сегашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и пејачот Мирослав Скоро се фаворити меѓу гласачите во БиХ.