Јана Стојановска за Фокус тврди: Мајка ми е невина, братот на нејзиниот сопруг е осомничен за шверц на дрога – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/19 2:00 PM

Јана Стојановска за Фокус тврди: Мајка ми е невина, братот на нејзиниот сопруг е осомничен за шверц на дрога

Актерката Јана Стојановска тврди дека нејзината мајка, актерката Силвија Стојановска, нема никаква врска со шверцот на дрога.

-Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но само кратко, зошто брзо е установено дека таа нема никаква врска со дрога. Таа е доведена во ова поради братот на нејзиниот соруг, кој е осомничен за шверц. Мојата мајка без причина ја нападнаа и приведоа, таа е невина – вели Стојановска.

Таа додава дека истрагата ќе докаже дали нејзиниот сопруг има врска со овој случај.

фокус.мк