Полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода Д.Г.(33) од с.Таор и С.Д.(19) од Скопје, затоа што при претрес во нивните домови во село Таор и населбата Драчево, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ј.(40) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 1 април годинава при преглед на патничко возило, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле опојна дрога хероин.
Полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(70) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, шприц со течна смолеста материја и една дигитална вага со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ноќеска два часа по полноќ полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонско-косовска бригада” ги лишиле од слобода Ѓ.М.(32) и О.С.(26) двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.
По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење”, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(68), А.С.(68) и Р.С.(67), сите од Струга.
Пријавените, во текот на 2019, спротивно на Законот за градење и без одобрение за градба издадена од надлежен орган, на катарстарска парцела во Струга, извршиле бесправна надградба – шесто ниво на објект за домување.
Вчера утрото на место викано „Дојранска раскрсница” полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Х.С.(24) од село Зрновци, затоа што се барал по централна потерница од СВР Струмица.
Тој бил предаден во КПУ Затвор Струмица.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Р.(36) од село Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 9-ти овој месец на регионалниот пат во село Сушица, полициски службеници при извршен преглед кај него пронашле и одзеле марихуана.
Вчера утрото во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица позади Трговскиот центар „Капитол”, товарно возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(54) од Скопје, удрило во пешак В.Ј.(81) од Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.
На 23-ти минатиот месец во село Черкези, кумановско, пријавениот без регистрирана дејност, со товарно возило „застава” во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца.
Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба М.Д. (23) од село Могорче – Дебар пријавила дека во кругот на Студентскиот дом „Стив Наумов” била касната од куче скитник во пределот на десната подлактица.


