Спасувањето на возрасен волчјак никако не им било во план на екипа пожарникари од Сакраменто, САД, но, сепак, и’ помогнале на Шерон Терстон, чиј двегодишен волчјак при бркање мачка завршил на повеќе од четири метри височина, на врвот на исушено дрво.
Исплашената сопственичка за својот уште поисплашен волчјак повикала пожарникари, кои со помош на скали го симнале „храброто“ куче. Мачката се снашла сама и го искористила метежот за да избега на сигурно.


