Арамии во Австрија украдоа голем камион што транспортираше 160.000 слатки, соопшти компанијата „Хајди чоколат“.
Сепак, камионот натоварен со чоколадни слатки „шведенбомбен“, исклучително популарни во Австрија, е пронајден во Матерсбург, јужно од Виена, во близина на границата со Унгарија.
Меѓутоа, слатките што биле во камионот не се пронајдени, јавува АП.


