Одамна е познато дека Вашингтон и неговата позиција се клучни за решавање на косовското прашање, а сегa ЦИА ги открива најновите информации поврзани со поделба на Косово, пишуваат српски едиуми.
Според плановите на ЦИА, на Србите ќе им биде дадена територија во северно Косово, што не може да го задоволи официјален Белград, но и српското население во јужната провинција.
Имено, ваквото решение првпат го откри поранешниот шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Меер, во авторски текст за „Недељник“. Тој наведува дека границата треба да биде на Ибар.
Во текстот тој пишува дека Белград треба да се обрати директно до Приштина, затоа што, ако Белград и Приштина би можеле да се договорат за тет-а-тет средба, можно е да се најде оригинален компромис, поволен и за двете страни.
Тој, исто така, верува дека границата треба да се повлече на реката Ибар – дека сè на северот припаѓа на Србија, и сите на југот на Косово и дека сите што не сакаат да живеат од едната страна – се преселуваат на другата. Ситуацијата ќе била периодично проверувана од ООН, ОБСЕ, ЕУ или сите заедно, посочува Меер, додавајќи дека српските верски, културни и историски места ќе бидат заштитени.
Поранешниот началник на ЦИА, исто така, пишува дека белградските власти ќе треба официјално да се откажат од договорот од Брисел доколку тие биле вистински заинтересирани за компромис со Приштина, бидејќи договорот не бил добар за националните интереси на Србија.