Балканските деца, сепак нема да бидат протерани од Малта – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/19 6:43 PM

Балканските деца, сепак нема да бидат протерани од Малта

Група родители, иселеници во Малта, кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, во септември годинава биле известени од малтешката владата дека не можат да ги задржат нивните деца во земјата, бидејќи немаат доволно пари да ги издржуваат. Во центарот на вниманието дојдоа проблемите на родителите од балканските земји.
Во македонската јавност остана непознато,  дали во оваа група на родители и деца има и македонски државјани, со оглед на големиот број на иселеници од нашата држава во Малта.
На прашањето на Канал 77, од МНР одговорија дека за случајот биле запознати вчера, но не дадоа одговор за тоа дали има деца на македонски државјани, на кои им виси над глава останувањето во Малта. Тие кажаа дека преку нашата амбасада во Рим иницирале средба со вршителот на работи во амбасадата на Малта во Рим и дека засегнатите во овој случај ќе бидат детално информирани.
Инаку, владини институции испратиле писма со кои им се одбиваат дозволите за престој на 22 деца, почнувајќи од две годишна возраст, тврдејќи дека од денот на примањето на ваквото писмо, престојот на децата во Малта ќе се смета за илегален.

Семејствата  беа лути што не им било дозволено ниту да ја обжалат одлуката на агенцијата, особено по годините работа во Малта. Постои случај каде прагот на примања не бил поминат за само 143 евра.
Според агенцијата, родителите не ги исполнуваат финансиските услови со кои се бара државјаните на третите земји  да заработуваат 19.000 евра годишно и плус  3.800 евра за секое дете. Бројките не ги уклучуваат бонусите и прекуврементата работа.
По големите реакции во јавноста и петицијата децата да не бидат депортирани, премиерот на Малта одржа состанок со министрите кои се вклучени во решавање на овој проблем и била донесена одлука да се направи исклучок. Најголем дел од децата се српски државјани и ќе добијат дозвола за престој и ќе останат на Малта.