Градоначалничката на гравниот град на Колумбија стапи во брак со својата партнерка – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/19 11:34 AM

Градоначалничката на гравниот град на Колумбија стапи во брак со својата партнерка

Клаудија Лопез (49) наскоро ќе ја преземе градоначалничката функција во главниот град на Колумбија, Богота. Нејзината љубов кон партнерката Анелиха Лозано (44), со која неодамна се венча, ја вознемири висококатоличката нација.

„Фала што постоиш и што ме сакаш“, напиша градочалничката на Твитер, неколку недели пред да стапи на должност, објавувајќи ги фотографиите од венчавката.

Лопез е прва жена која е избрана на ваква висока функција и прва политичарка во земјата која не ја крие својата хомосексуалност. Должноста таа ќе ја преземе во јануари.

Во традиционално католичка Колумбија, од 2015 усвоени се неколку закони кои треба да ги зголемат правата на хомосексуалците. Паровите од ист пол можат да се венчаат и да посвојуваат деца, а трансродовите личности можат да си го променат името во документите.

На социјалните мрежи многумина им честитаа на идната градоначалничка и ги споделуваа фотографиите на парот. Адвокатката Анхелика Лозано исто така се занимава со политика и е член на партијата Зелена алијанска, исто како и Лопез.

Естебан Сантос (26), син на претходниот претседател Хуан Мануел Сантос (68) напиша: „Голем чекор на патот кон рамноправноста и праведноста во Колумбија“.