БиХ ќе го има најголемиот тунел во регионот – ќе биде долг повеќе од десет километри – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/19 10:19 AM

БиХ ќе го има најголемиот тунел во регионот – ќе биде долг повеќе од десет километри

Европската банка за обонова и развој (ЕБРД) и Јавното претрпријатие  „Аутоцесте ФБиХ“ објавија соопштение за распишување тендер за изградба на делницата Овчари – Тунел Прењ – Мостар север, во должина од 35 километри, како и Мостар север – Мостар југ во должина од 15 километри, со што започна процедурата за избор на изведувач за изградба на овие делници.

На целата делница од Овчари до крстосницата Мостар југ ќе се градат 10 мостови, 12 тунели и две крстосници.

Најсложен градежен потфат на оваа делница е тунелот Прењ. Должината на тунелот според предлог-проектот изнесува 10,165 километри, што го прави најдолг тунел во регионот. Поради големата должина, во текот на проектирањето и изградбата, како и при експлоатацијата на тунелот ќе биде неопходно да се применат посебни мерки на сигурност во тунелот, во согласност со Директивата 2004/54/ЕЦ.

ЈП „Аутоцесте ФБиХ“ во соработката со финансиските институции за финансирање на изградбата на делниците Овчари – Тунел Прењ – Мостар север, осигура понуда за заедничко финансирање од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој во износ од 600 милиони евра.
За делницата Мостар север – Мостар југ е осигурана понуда за заедничко финансирање од страна на повеќе домашни банки и ЕБРД, во износ од 240 милиони евра.