Време: Есента ја испраќаме со температури од 15-16 степени – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/19 6:57 AM

Време: Есента ја испраќаме со температури од 15-16 степени

Претпладне во котлините со појава на магла. Преку денот променливо облачно со повремен слаб до умерен дожд претежно во западните делови. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 15 степени ќе биде измерена во Гевгелија. Во Штип – 12, Битола – 11, Скопје и Охрид – 10…

Слично време не’ очекува и векиндов, кога завршува есента и почнува зимата. В сабота времето треба да биде променливо облачно, од претпладне со слаб до умерен дожд претежно во западните делови и со максимална температура од 15 степени. В недела се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд пообилни во западните делови и со максимални 16 степени, еден степен повеќе отколку што се очекуваат в понеделник, кога времето треба да биде променливо облачно со повремен дожд.