Магла на неколку патни правци – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/19 7:08 PM

Магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради магла вечерва има на неколку патни правци низ државата.

Според информациите од јавното претпријатие „Македонија пат“, до 50 метри е намалена видливоста на патот од Крива Паланка до Страцин, а до 30 метри на патот од Тетово до село Гајре и кај Павлешинци.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон словите на патот.