Триесетдневен куќен притвор вечерва и е определен на актерката Силвија Стојановска отако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Дел од медиумите јавија дека Стојановска е приведена во врска со заплена на поголема количина дрога.
Покрај неа, пред судија на претходна постапка беше изведено уште едно лице за кое по барање на Обвинителството му е определен 3-дневен притвор.
– Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна попладнево беа спроведени две лица со предлог на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство. По ценење на фактите и доказите, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на С.С. и определи мерка „куќен притвор“, а на В.Б. му определи мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена, информираат од Кривичниот суд за МИА.
Против ова решение, двајцата имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
МИА