Македонска актерка вмешана во шверц со кокаин, ОЈО бара притвор – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/19 5:49 PM

Македонска актерка вмешана во шверц со кокаин, ОЈО бара притвор

Позната македонска актерка попладнево е приведена и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на огромна количина дрога.

Од Кривичниот суд за МИА изјавија дека во моментот на распит се донесени две лица пред судија на претходна постапка.

Дел од медиумите јавија дека станува збор за актерката Силвија Стојановска, која во моментот е актуелна по нејзината улога во серијата „Фамилија Марковски”.

Фокус информира дека информацијата неофицијално  ја потврдиле извори од Кривичниот суд, а порталот „Јанакизнае“ попладнево објави дека Стојановска била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.