Анализата на „гума за џвакање“ стара над 5.000 години го открива не само потеклото на древна Скандинавка која ја џвакала, туку и бојата на нејзините очи, бактериите од устата и што јадела, тврдат данските научници.
Тоа е прв пат ген од древен човек да е добиен од нешто што не е коска или заби, изјави Ханес Шредер од Универзитетот во Копенхаген, коавтор на истражувањето.
Тој скапоцен извор од древен ДНК, особено од периодот од коj ретки се човечките остатоци, е црникава мешавина добиена од загреана кора од бреза која многу добро е зачувана.
Во праисториските времиња често се џвакало, што покажуваат отпечатоците од заби во кората од бреза. Пастата која ја проучувале експертите во Копенхаген е откриена за време на археолошки ископувања спроведени од музејот Lolland-Falster во Силтолм, на југот на Данска.
Проучувајќи ја смолата од бреза, научниците откриле дека ја џвакала жена, веројатно со сини очи и темна коса. Според нивните истражувања, била генетски поблизу до ловците-собирачи на континентална Европа, отколку на централна Скандинавија, и како нив имала кафеава коса и сини очи.
Се работи веројатно за потомок на мигранти од западна Европа кои се преселиле во Скандинавија по повлекувањето на глечерот, велат експертите.
Извор: denar.mk