Жбогар: Во врска со тоа дали да биде една или шест изборни единици тоа се интерсни прашања, и ние за тоа немаме став – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/19 2:29 PM

Жбогар: Во врска со тоа дали да биде една или шест изборни единици тоа се интерсни прашања, и ние за тоа немаме став

Евроамбасадорот Самуел Жбогар оцени дека претседателот Стево Пендаровски имаше многу важен говор, кој укажа на суштински прашања за граѓаните. Што се однесува со ветингот во судството, ставот на ЕУ е немроменет

За ветингот мојата изјава беше јасна и во исто време позицијата на ЕУ е јасна – тоа е одлука на земајта како ќе го реши ова прашање, ова денеска од Македонска Каменица го кажа еввроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на прашањето на Канал 77 за ветингот, откако вчера во  Собранието претседателот Стево Пендаровски рече дека ветингот треба да биде направен по изворите.

„Претседателот вчера зборуваше за многу важни проблеми кои се однесуваат на граѓаните. Според мене останува на државата да одлучи во врска со судството. Мојот став е истото што го кажав пред два дена и што беше кажано од пред две години од страна на Прибе и извештајот кој беше направен во тоа време“, изјави Жбогар.

Што се однесува до измените на Изборниот законик за кој власта и опозиијата имаат дијаметрално спротивни ставови, евроамбасадорот е на став дека е тоа внатрешно рпашање, но извесно е дека спроведувањето на фер и демократски избори ќе биде сусштинско пред мајскиот самит во Загреб, кога се очекува ново навраќање на пристапувето на Македнија кон ЕЅ.

„Сметам дека треба да се продолжи со реформите, некои прашања треба да се решат и пред изборите, а потоа да имате демократски избори со достоинствена кампања. Во врска со тоа дали да биде една или шест изборни единици тоа се интерсни прашања, и ние за тоа немаме став. Се надевам препораките кои беа дадени з апоследните избори ќе бидат имплементирани, препораките презентирани од ОБСЕ и ОДИХР“, рече Самуел Жбогар кој денеска во Македонска Каменица имаше дебата со младите средношколци. Тој најави поголемо сртување кон општините следната година со фонд од 5 милиони евра наменет за проектите на општините.