Штип го одбележува својот заштитник, Свети Никола – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/19 2:05 PM

Штип го одбележува својот заштитник, Свети Никола

По повод патрониот празник на Штип, Свети Никола,  денеска во црквата „Св. Никола“ се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваа митрополитите Иларион и Агатангел и епископот Јаков Полјански.

Митрополитот  Агатангел  ги повика граѓаните да ја чуваат светоста на макдонскиот јазик, црквата и нашата света земја, а градоначалникот Бочварски, упати порака на заедништво и човекољубие помеѓу сите, во името на доброто и просперитетот на сите граѓани.
Беа упатени и  честитки до оние кои денеска слават именден и до сите што го слават празникот.

Потоа имаше литија од црквата до плоштадот Слобода, каде што беше поделен празничниот колач.
„ Св. Никола ни’ е пример какви треба да бидеме како Христови следбеници и Христови деца. На овој ден од ова место ви посакувам мир и благослов на сите вас “, рече г. Иларион.