Луксузен часовник со вредност од околу 35 илјади евра, откриен на граничниот премин Богородица на влез во државата кај лице со грчко државјанство, кое управувало патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, патникот не пријавил ништо, но по извршена контрола, под возачкото седиште од задната страна, во црна кеса во оригинална кутија пронајден е часовник и фактура за часовникот на име на швајцарски државјанин. Станува збор за часовник марка Audemars Piguet Royal Oak Offshore со вредност од 2.200.000,оо денари и избегнати царински давачки 525.800, оо денари.
Против сторителот е поднесена соодветна кривична пријава за избегнати царински давачки, а часовникот е привремено одземен.