Стив Томсон вети дека ќе и’ се врати на својата работа за да „остане нормален“ откако минатиот месец стана деветтиот најголем лото-добитник во историјата на Велика Британија. Патем, тој ги изненадил своите клиенти кога одби да ги наплати своите услуги и им порача тие пари да ги потрошат на божикни и новогодишни подароци.
Градежниот работник Стив, впрочем, откако се збогати со 105 милиони фунти (околу 120 милиони евра) на своите однапред закажани клиенти им ветил дека работата ќе им ја заврши бесплатно. Томсон, кој редовно играл лото веќе 25 години, ветил помош и за локалната заедница. Неговата сопруга Ленка, пак, веќе ја напуштила работата како продавачка во продавница во близина на нивниот дом.
Планираат да купат нова куќа за секое од нивните три деца да има своја соба. Велат дека децата сакаат да им „останат на земја“ и досега не побарале ништо посебно. Најмалата ќерка побарала од лото-добивката да и’ купат розев ајфон.


