Претставници на девет политички партии и организации од Војводина, предводени од Лигата на социјалдемократи на Војводина, денеска во Белград потпишаа Меморандум за иднината на Војводина со кој, како што велат, се обрзуваат на борба за автономни права и полна автономија на покраината, за европски интеграции, демократизација на општеството и за добри односи на Србија со соседните земји, објавува „Танјуг“.
Документите ги потпишале претставници на Лигата на социјалдемократи на Војводина, Војводинската партија, Демократскиот сојуз на Хрвати во Војводина, Либерално-демократското движење на Војводина и на Форумот В-21.
Претседателот на Војводинската партија, Александар Оџиќ, изјави денеска дека пртиите и организациите што што стојат зад документот се залагаа на Војводина да и’ се вратат сите права што порано ги имала.


