Полицијата во Калифорнија уапси 17-годишна девојка откако влегла во мал авион на аеродром, го стартувала и со леталото удрила во оградата. Ниту еден патнички авион не бил во опасност од инцидентот што се случил на меѓународниот аеродром Јосемити во градот Фресно.
Полицијата се’ уште испитувала зошто девојката го украла авионот, но нема индикации дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам, пренесуваат агенциите.


