Претежно облачно, по котлините магливо и постудено, па потопли ќе бидат планинските места каде што ќе има и сонце. Највисоката максимална температура од 17 степени треба да биде измерена во Берово (беровци треба да имаат и најстудено утро од – 4), а во Крушево се очекуваат максимални 15 степени. Во Гевгелија до 13, Штип до 11, Охрид до 7, Скопје до 5, Битола до 3 степени…
Таква е прогнозата на УХМР за денеска. Во следните три дена ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд. Максималната температура утре и в сабота се очекува да достигне до 15, а в недела до 16 степени.