Вечерва Ел класико: Без Азар и Марсело, Реал Мадрид ќе бара победа на Камп Ноу – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/19 11:46 AM

Вечерва Ел класико: Без Азар и Марсело, Реал Мадрид ќе бара победа на Камп Ноу

Вечерва од 20 часот „Барселона“ го дочекува „Реал“ од Мадрид во 17. коло од шпанската Ла Лига.

Според обложувачниците, „Барселона“ има предност со оглед на тоа дека во последните неколку години бележи подобри резултати. „Кралевите“ немаат победа во последните шест меѓусебни дуели.

Двата клуба имаат 178 мечеви во шпанската лига.  Имаат идентично по 72 победи со 34 нерешени резултати. Кај каталонците, поради повреди, ќе отсуствуваат Французинот Дембеле и Бразилецот Артур Мело, а кај кралевите Белгиецот Азар и Бразилецот Марсело, исто така поради повреди.

Последниот дуел кој го одиграа заврши со минимален резултат во корист на каталонците кои славеа на гостински терен. Моментално, и двата тима имаат по 35 бодови, но „Барселона“ е лидер поради подобрата гол-разлика.